Дали целта на денешниот протест е да се намали притисокот врз пратениците кои треба да го разгледуваат Францускиот предлог?

До Собранието на Република Македонија е доставен Францускиот предлог, а седница за оваа точка се очекува да се одржи денес.
Владата претходно соопшти дека ја разгледала информацијата од Министерството за надворешни работи, за предлог-преговарачката рамка за Република Македонија со ЕУ, претставена од Француското претседателство со Европската Унија, како и дека одлучила да ја проследи до Собранието на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно собраниските процедури.
Веќе една недела во Скопје се одржуваат масовни протести против прифаќањето на Францускиот предлог со кој треба да се бугаризира Македонија.
Иако се очекуваше дека протестите за денес ке се одржат токму пред Собранието, организаторите на протестите за денес најавија блокади низ Македонија и тоа на 4 места, во Скопје пред владата, како и блокирање на магистралните патишта Штип Велес, Струмица Радовиш и Плетвар Прилеп.
Постојат сомнежи дека целта на ваквата стратегија е гневот на народот да се пренасочи што подалеку од Собранието и да им се олесни на пратениците од власта при донесувањето на заклучоците поврзани со предлогот.
Целата ситуација премногу наликува на случувањата пред промената на уставот кога најголемата опозициска партија во клучни моменти членството го носеше на прошетки по Широк Сокак и Ташмаруништа.
Организаторите истовремено известија дека Сабота нема да има протести во знак на почит на сограѓаните муслимани кои чествуваат празник
Ваквата одлука потсетува на деновите пред промената на уставното име кога се правеа сите напори за умртвување на протесите вклучително и одлуката да не се протестира за време на религиозен празник.
Оние кои во 2018 учествуваа на тогашните протести добро се сеќаваат како тогашните организатори одлучија да не се протестира на 19ти, 20ти и 21ви декември во чест на празникот “Св. Никола” . Наместо да протестираат организаторите одлучија да го слават празникот и тоа три дена со ред и со таа пауза практично ги умртвија протестите.
Останува да се види дали ова е еден од т.н. 4-де шаховски потези кои лидерот на опозицијата треба да ги одигра против сопствената партија а во корист на СДСМ а за возврат да добие зелено светло за превземање на премиерската функција.
Интересно ке биде и да се види како ке реагираат од Левица, односно дали нивните подржувачи ке излезат пред Собрание за да им дадат поддршка на нивните пратеници кои се очекува да го дадат најжестокиот отпор внатре во Собранието.