Дали вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав ќе стане европски услов, а тоа сами ќе го бараме ?

Неодамна бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека тој и македонската Влада предводена од Димитар Ковачевски ќе достават заеднички предлог до Европската комисија.
– Брисел да биде гарант дека Бугарите ќе влезат во македонскиот Устав во текот на пристапните преговори со ЕУ – изјавил Петков.
Во јавноста имаше реакции на таквиот предлог, на тоа реагира и поранешниот министер за ндворешни кој го потпиша и Преспанскиот договор и учествувал во преговорите со Бугарија, Никола Димитров.
– Значи дека ние сами ќе бараме бугарското барање да стане европско, ова е национален пораз – вели тој.
Според Димитров Бугарија барем за возврат треба да го прифати македонскиот јазик и да не се меша во внатрешните работи на Македонија.