мај 29, 2023

Г7: Русија почна војна во Европа, Путин на погрешната страна на историјата

Лидерите на Г7 рекоа дека рускиот претседател Владимир Путин „повторно почнал војна на европскиот континент“.

„Тој ја зазеде погрешната страна на историјата“, се вели во заедничката изјава.

„Го осудуваме Путин поради неговото постојано одбивање да се вклучи во дипломатскиот процес за решавање на прашањата поврзани со европската безбедност, и покрај нашите постојани понуди“, се вели во соопштението. „Ние сме обединети со партнерите, вклучително НАТО, ЕУ и нивните земји-членки, како и Украина, и остануваме решени да го направиме она што е неопходно за да го зачуваме интегритетот на меѓународниот поредок заснован на правила.“