јуни 10, 2023

Грчки војници загинаа на демаркационата линија во Украина во инцидент со украински војници

Медиуми пренесуваат дека грчкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека двајца Грци загинале, а двајца се тешко повредени во инцидент со украински војници во близина на демаркационата линија со проруските сили.

Министерството наведува дека тројца украински војници се одговорни за смртта и повредите на четворицата Грци во селото Хранитнеу во близина на линијата за демаркација, пренесе Reuters.

Се наведува и дека инцидентот избувнал откако грчките и украинските војници се скарале од „безначајни причини“. Во соопштението не е наведено што прават Грците во областа, но претставник на грчкото министерство изјави дека инцидентот нема никаква врска со актуелниот конфликт во регионот