декември 2, 2023

Граѓанска иницијатива за јавно истакнување на македонското национално знаме и симболи

Потпиши се за знамето од Кутлеш да се вее пред сите општини со мнозинско македонско население!!, иницијатива на Млади за Македонија 

Ние Македонците,

Обединети под 16 зрачното македонско сонце,

Водејќи се од основното право за самоопределување на македонскиот народ,

Дискриминирани секојдневно од неистакнувањето на нашето национално знаме,

Барајќи почитување на правото на самоидентификација преку етнички симболи,

Згрозени од брусењето, вандализамот и отстранувањето на светото македонско 16 крако сонце на нашите претци,

Со неверување гледајќи на забраната за користење на нашето 16 крако сонце,

Прогласувајќи го ударот врз нашето сонце за највисок чин на антимакедонизам,

Воочувајќи дека ударот врз нашето сонце е директен удар по нашата култура, историја, религија, биолошко потекло, и пред се цивилизација!

Свесни дека ударот врз светото 16 зрачно сонце е удар врз секој еден Македонец,

Секојдневно постанувајќи жртви на македонофобијата и антимакедонизамот,

Револтирани од неспособните политичарите-марионети кои по инструкција на странските амбасадори ги предаваат македонските национални интереси,

Бесни од соучесниството во предавствата од страна на партиските орди, во име на нивниот личен интерес и корист,

Цврсто верувајќи во нашиот идеал дека за македонските национални интереси не може да се направи никаков компромис ниту отстапка,

Јавно порачувајќи нашето сонце гордо ќе се вее!!!



Ние Македонците,

Горди на нашата славна историја,

Израснати од нашите баби и пребаби слушајќи ја колективната меморија на нашиот народ, која се пренесува од генерација за генерација, за директното наше потекло од градовите од античките Македонци,

Пораснати играјќи си газејќи врз светата македонската земјата полна со коските на нашите претци,

Држејќи ги во раце генетските резултати дека ние сме директни генетски потомци на античките Македонци,

Пресреќни на генетските истражувања дека нашите директни генетски претци војуваа во Азија и Африка под водство на Александар Македонски основувајќи го светот во наше име,

Полагајќи експлузивно право ПО КРВ И ГЕНИ врз 16 зрачното сонце од Кутлеш,

Поклонувајќи се до земја со почит кон нашите апостоли Филип и Александар,

Со гордно подигната глава гледајќи кон небото и заблагодарувајќи му се на Господ Бог што сме родени како Македонци,


Ние Македонците,

Ние директните потомци на античките Македонци делејќи исти гени, иста крв и ист род,

Во името на крвта која тече во нашите вени,

Во името на крвта пролеата и страдањето на нашите претци,

Во името и од името на нашите македонски претци,

Во името и од името на нашата мајка Македонија,



Го креваме гласот за неправдите на нашиот македонски народ и бараме:


1. Јавно истакнување на македонското етничко знаме – 16 зрачното македонско сонце пред сите општини (врз основа на правото на слободното изразување на националната припадност загарантирано со Уставот на Република Македонија член 8 став 1 алинеја 2),

2. Безусловно враќања на 16 зрачното сонце на сите споменици од каде што е отстранато,

3. Пронаоѓање и санкционирање на извршителите и нарачателите за сквернавењето на јавниот имот, односна за вандализацијата и отстранувањето на 16 зрачното македонско сонце.

Нашето сонце гордо ќе се вее! https://www.change.org/p/%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%BF%D0%B8%D1%88%D0%B8-%D1%81%D0%B5-%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BE%D0%B4-%D0%BA%D1%83%D1%82%D0%BB%D0%B5%D1%88-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%B2%D0%B5%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4-%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D1%82%D0%BF%D0%B8%D1%88%D0%B8-%D1%81%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%B2%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%82-%D0%BE%D0%B4-%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D1%80%D1%83%D1%81%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%9A%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D0%BA%D1%83%D1%82%D0%BB%D0%B5%D1%88?utm_source=share_petition&utm_medium=custom_url&recruited_by_id=2d6710b0-5ffb-11e9-b5eb-6796327d7ba9