септември 28, 2022

Градинка во Донбас погодена од украински гранати, Џонсон ги обвинува Русите

Британскиот премиер Борис Џонсон тврди дека нападот врз градинка во источна Украина во делот што е под контрола на бунтовниците, бил „операција под лажно знаме со цел да ги дискредитира Украинците“.

Стравуваме дека такви нешта ќе видиме повеќе во текот на следните неколку денови – изјави Џонсон.

Британскиот премиер изјави дека ситуацијата во Украина и понатаму е исклучително тешка и додаде дека Лондон се надева дека заканата од зајакнати санкции ќе помогне да се обесхрабри Русија да ја нападне Украина.

Денеска, како што сум сигурен дека веќе сфативте, детска градинка беше гранатирана во операција под лажно знаме дизајнирана да ги дискредитира Украинците, дизајнирана да создаде изговор, лажна провокација за руска акција – изјави Џонсон.