декември 5, 2023

ГОЦЕ Е МАКЕДОНИЈА: пречекан бугарскиот премиер Петков од жители на Кравари

„Гоце е Македонија“, „Крвави ви се рацете“, „Кога ќе признаете дека има Македонци во Бугарија?“, „Гробиштата се полни од бугарското пријателство“… се само дел од пораките. Жителите на битолското село Кравари денеска во пресрет на посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков истакнаа пораки со кои го искажуваат незадоволството од односите меѓу двете земји и посебно негирањето на историјата од страна на бугарските политичари. Бугарскиот премиер денеска во Битола ќе отвори клуб кој ќе работи во состав на културниот центар „Иван Михаилов.