Голем Град -последното скривалиште на природата
Macedonian Ecological Society
Macedonian Ecological Society „Голем Град – последното скривалиште на природата“ е кратко видео посветено на петнаесетгодишната работа за зачувување на популациите на шумската желка, поскокот и рибарката на преспанскиот остров Голем Град. Видеото ги презентира и новите еколошки истражувања на островот Мал Град во Албанија. Снимано е во два наврати (мај и јули) 2021 година во соработка со националниот парк „Галичица“ во рамки на проектот за зачувување на прекугранична Преспа на мрежата ПреспаНет. Видеото е подготвено во рамки на проект финансиран од фондациите Преспа-Охрид (PONT) и Ааге В. Јенсен, и поддржан од ЕуроНатур. Автори: Фросина Пандурска-Драмиќанин и Тони Стојановски Режија и монтажа: Џорџ Стамкоски Камера и дрон: Тони Стојановски Музика: Дејан Спасови ttps://www.youtube.com/channel/UCu57vNPcj8ZED1JK4_7dL9A