септември 27, 2023

Големиот ресет – војната го разниша воспоставениот меѓународен поредок

Дали Украина станува „престолнина“ на новиот светски поредок, катализатор и поттик за радикални пресврт? Дали Украина создава нова геополитичка азбука, пишувајќи изменета иднина на светот? Дали сме сведоци на нова ера, која ќе го означи крајот на западната доминација, раскинувањето на врските меѓу САД и континентална Европа и враќање на Русија на нејзиниот вистински „простор и место“ во светот? Многу прашања, но едно е сигурно: Украина го смени текот на овој млад и веќе проблематичен век, исцртувајќи ги контурите на новиот светски поредок, пишува Звонко Јанкуловски во колумна во Нова Македонија.

.Западот упорно сака да верува дека светскиот поредок од педесеттите години на минатиот век сѐ уште е жив и дека војната во Украина го поттикна да се реорганизира и ревитализира. Речиси универзално, сите лидери на „слободниот свет“ во САД, Европа и во Азија, Украина ја гледаат како тест за опстанок на 75-годишната идеја дека либералната демократија, американската воена моќ и слободната трговија можат да создадат услови за мир и глобален просперитет. А во меѓувреме најмалку една деценија, либералните демократии полека исчезнуваат. Со инвазијата на Украина, Путин се обидува да ја заврши работата на огромен проект што треба да ја скрши хегемонија на САД над меѓународниот систем и да ја поткопаат идејата дека светот е обврзан со заеднички збир на вредности отелотворени во меѓународното право и поддржани од институции како што се Обединетите нации. Секако, имплицитно поддржан од неколку други светски лидери, особено од кинескиот претседател Кси Џинпинг. Новиот светски поредок што тие имаат цел да го воспостават треба да е доминиран од конкурентни и сѐ поавтократски цивилизации, од кои секоја ќе го контролира својот геополитички простор. Токму тоа ја детерминира оваа борба за новиот светски поредок како цивилизациска Целиот текст на колумната во Нова Македонија https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/golemiot-reset/

..