Германците не се откажуваат од „Северен тек 2“

САД од почетокот на проектот Северн тек 2 бараше од Германија да го стопира и да се откаже од гасоводот кој треба да ја снабдува Германија со руски гас заобиколувајќи ја Украина. По нападот на Русија на Украина и санкциите на западот кон Русија притисоците за откажување од Северен тек 2 станаа се поголеми. Сепак „Излез од проектот „Северен тек 2“ не се разгледува, изјави денес на прес-конференцијата директорот на најголемиот германски енергетски концерн „Е.ОН“, Леонард Бирнбаум.
„Излез од проектот Северен тек 2 во моментов воопшто не се размислува. Не може да се продаде, тоа е јасно. Можно е да му се поклони на рускиот акционер, но што може да се добие на тој начин и која е казната?“, рече Бирнбаум и додаде дека Германија, без разлика што е тешко да се зборува за тоа и што тоа не е популарно, како досега, ги исполнува своите права во однос на „Северен тек 2“.
Германците во повеќе наврати се изјаснија и дека не можат да се откажат од руските енергенси оти тоа би било крах за економијата.