мај 29, 2023

Германскиот вицеканцелар: тенкови за Украина може да го претворат Западот во руска „мета“

Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек се откажа од одлуката одма да испрати тенкови во Украина, поради поделбите меѓу германските владејачки партии околу тоа колку да се вклучат во конфликтот, како и од загриженоста дека ќе станат следната цел на Русија. За тоа вчера пишуваше ПОЛИТИКО.

Хабек, член на Зелените, пред само три дена рече дека „мора брзо да се испорача се што сега и е од помош на украинската армија“, по повиците на Киев до Германија да испрати тенкови и артилерија. Но, уште во четвртокот, на 14 април, во говор на митинг за локалните избори во градот Кил, тој ги прифати насоките на неговиот социјалдемократски шеф, канцеларот Олаф Шолц.


Хабек ја спомена и загриженоста на сојузниците во НАТО дека испораките на модерни тенкови од западните производители би можеле да ја поттикнат Русија да ја прошири својата војна во западните земји, според ПОЛИТИКО.

Тој додаде дека Северноатлантската алијанса и ЕУ треба прво да разговараат за ова прашање.
Американскиот Блумберг на 14 април напиша дека западните земји ќе треба да изберат помеѓу испорака на оружје во Украина и одржување на сопствениот одбранбен потенцијал. Според Блумберг, Германија одби да ги достави тенковите на Украина, со објаснување дека едноставно нема резервни.

Од Русија повеќе пати предупредија дека испораката на тешко оружје за Украина од земјите на ЕУ ќе ја влоши состојбата на терен.
Во последните денови руските политички и воени претставници нагласија дека конвоите кои носат тешко оружје за Украина ќе бидат легитимни цели на напади од руската војска. Веќе се појавија првите официјални вести за нивно уништување, како и за уништување на кампови и центри за обука на борци од странски земји.