јуни 10, 2023

В сабота спроти недела во 2 часот часовникот се поместува за еден час напред

Во последниот викенд во март 2021-та година, ноќта во 2 часот меѓу 27 и 28-ти март почнува летното сметање на времето.Од недела почнува летното сметање на времето. Ноќта меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред што значи дека наместо два ќе биде три часот.

Летното сметање на времето почнува секој последен викенд во март и трае до последниот викенд во октомври, кога повторно настапува зимското сметање на времето. Годинава летното сметање на времето ќе трае до 30 октомври во 3 часот по полноќ.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

Европските земји веќе се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика.