Вселенска конференција го избриша името на Јуриј Гагарин затоа што бил Русин

Најсмешно е тоа што Јуриј Гагарин всушност е прилично популарен во Украина, вели американскиот научен вебсајт Футуризам.
ПРВИОТ ЧОВЕК ВО ВСЕЛЕНАТА
Вселенска конференција го избриша името на Јуриј Гагарин затоа што бил Русин.
Конференција на вселенската индустрија го отстрани од еден свој настан името на прославениот советски космонаут Јуриј Гагарин, првиот човек што отпатувал во вселената.
Непрофитната Спејс фондација со седиште во Колорадо објави во сега избришаната белешка дека „во контекст на актуелните светски настани“ на својата конференција Вселенски симпозиум ќе го смени името на настанот за собирање средства од „Ноќта на Јуриј“ во „Празнување на вселената: Откријте што е следно“.
„Фокусот на овој настан за собирање средства останува ист – да се слават човековите достигнувања во вселената и истовремено да се инспирира следната генерација да посегне по ѕвездите“, се забележува во избришаните белешки.
Ова е прилично сомнително покажување солидарност со украинскиот народ, вели Футуризам, особено ако се земе предвид дека Гагарин работеше за СССР, сосема поинаква земја од денешна Русија. А шлагот на тортата? Украина, всушност, се чини дека го обожава Гагарин и неговото монументално достигнување.
Tekstot e prezemen od MKD.mk, celiot tekst na linkot https://www.mkd.mk/svet/nauka-i-tehnologija/vselenska-konferencija-go-izbrisha-imeto-na-jurij-gagarin-zatoa-shto-bil?fbclid=IwAR3nJL96wLT6mzft7v3j2dTZBr6CDa220N9ablY2TYRSsCotpkrb25Vob7Q