Во Тирана се одржа фолклорен фестивал на македонското малцинство

Во организација на Македонското друштво “Илинден“-Тирана а со поддршка на Министерството за култура на Република Албанија, во Амфитеатар Тирана (Голем парк на вештачко езеро во Тирана) синоќа се одржа вториот “Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија“. Настапит Македонска фолклорна група од Голо Брдо (Македонски традиционални ора од областа Голо Брдо), Македонска фолклорна група од Мала Преспа (Македонски традиционални ора од областа Мала Преспа), Македонска фолклорна група од Гора (Македонски традиционални ора од областа Гора) и Театарот “Скрб и утеха” од Скопје, Македонија.
Покрај Македонци кои живеат во Тирана, како и од други делови на Албанија, на манифестацијата присуствуваа и проф. д-р Данчо Марковски, амбасадор на Република Македонија во Тирана, Република Албанија, Златко Ориѓански, директор на Македонскиот Културно-информативен центар во Тирана, Република Албанија, Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тиранa, Незир Меча, потпретседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Ули Халилај, потпретседател на Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо, Елса Џелили, координатор на Македонското друштво “Илинден” за Округот Елбасан.
текстот е преземен од Весникот Илинден