мај 29, 2023

Во спот за малцински јазици во Европа се најде и македонскиот во Грција. видео

Македонскиот јазик во Грција, Егејска Македонија се најде во спот на малцинските јазици во Европа. Во спотот припадници на малцинските јазици во Европа кажуваат по една пословица на нивниот мајчин јазик. Егејска Македонија ја застапува македонскиот активист Стиљан Самарциев, тој во спотот ја изговара пословицата – ако се сториш овца секој ќе те стрижи.