Во Скопје живеат 526.502 лица

Скопје има 3,9 % повеќе жители и 30% повеќе станови од последниот попис во 2002. Од попишаните во Скопје живеат вкупно 526.502 лица, при што 309.107 се изјасниле како Македонци, додека 120.293 жители се Албанци, по што следат Турци 8.524, Роми 18.498.
Вкупно во Скопје живеат 256.247 мажи и 270.255 жени. -Бројот на домаќинства во град Скопје изнесува 171.171 и во споредба со 2002 се забележува зголемување за 16,8 проценти, соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, презентирајќи ги резултатите.
Како што рече Симовски, зголемен е и бројот на станови во Скопје. Изнесува 213.850 станови што е пораст во однос на 2002 година за 30,6 проценти.