јуни 10, 2023

Војна на пресврти – Русите ги обединуваат јужниот и источниот фронт


Руските трупи влегоа во центарот на Мариупол и борбите за тој град треба да завршат во следните неколку дена. Украинските единици кои го бранат градот од почетокот на март останаа без муниција и сега држат само два тесни, посебни џебови покрај морето. Киев испраќа пораки за поддршка до маринците таму, но тоа е се што може да направи.

Украинците постојано се обидуваа со хеликоптери да им достават муниција, храна и медицински материјали на бранителите. Русите соборија неколку хеликоптери, а потоа се шпекулираше дека станува збор за команданти на екстремистичкиот баталјон „Азов“, кои бегале кај Мариупол.

Киев практично го жртвува Мариупол, кој пред војната имаше 400.000 жители. Поради брзината на рускиот напредок, Украинците не успеаја да обезбедат залихи во случај на опсада. Русите во борбата за тој град ангажираа и Чеченци, кои се покажаа како одлични во уличните борби.

Од друга страна, предавањето на преостанатите украински единици го спречуваат екстремистите. Тие стравуваат да паднат во рацете на Русите од Доњецк, кои беа протерани од тој град во 2014 година.

Прекинот на борбите во Мариупол му носи големи проблеми на Киев. Прво, Русите добиваат копнена врска со Крим. Тој полуостров повеќе нема да зависи само од стратешки чувствителниот мост кај Керч, кој е изграден по припојувањето кон Русија.

Друг а уште поголем проблем за Украинците е спојувањето на јужниот и источниот руски фронт. Ова ќе ослободи значителни руски борбени сили кои ќе бидат насочени кон север. Во тој случај, украинскиот фронт во Донбас ќе биде изложен на напади од страна. Тоа е премногу широк фронт за одбрана, особено ако Русите имаат контрола над небото и апсолутна надмоќ во огнената сила.

Впрочем, дури сега се очекува да дојде до израз руската воена машинерија. Таа ќе настапи на класичниот фронт, со поддршка од воздух и артилерија, наспроти украинската армија која е статична.

Текстот е преземен од Политика рс