јуни 10, 2023

Волкановски го победи „корејското зомби“

Австралискиот борец со македонски корени Александар Волкановски славеше против Кореецот, Чан Сунг Јунг, кој го нарекуваат „корејското зомби“.

Волкановски покажа уште еднаш зошто е најдобар во неговата конкуренција и испрати порака по натпреварот.

„Како што кажав и пред борбата, во моментов сум на друго ниво и никој не може да ме запре“, кажа Волкановски. Тој пред мечот со кореецот го предизвика и светски најпопуларниот Мекгрегор. Дали Мекгрегор ќе го прифати предзивикот останува да видиме.