декември 5, 2023

Власта сака премиер од ДУИ за време на пржинска влада затоа не гласа за нејзино укинување. Пратениците од власта не го подржаа предлогот на ВМРО – ДПМНЕ

Собранието не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на Пржинската Влада. „За“ гласаа 32 пратеници, додека 55 беа против.

Најголемата опозициска партија побара од Законот за Влада да се отстранат одредбите што уредуваат: 100 дена пред избори да се формира техничка или преодна Влада, во која ќе партиципира и опозицијата. Овие одредби беа внесени во законот пред предвремените избори во 2016. Владеачките партии не гласаа бидејќи немало претходен консензус по ова прашање.

Пржинската техничка влада е во корист на опозицијата затоа што овозможува 100 дена пред избори министер за внатрешни да биде од редовите на опозицијата и уште неколку министерски и заменик – министерски места треба да припаднат на опозицијата.

Сепак власта не го прифати предлогот на опозицијата за укинување на пржинската влада иако тоа би било во нејзина корист. Се поставува прашањето зошто? од ВМРО – ДПМНЕ обвинуваат дека власта се плаши од предвремени избори иако укинувањето на пржинската влада не значи дека по автоматизам предвремени избори. Можеби причината е во тоа што власта сака за време на пржинската техничка влада да постави министер од ДУИ според договорот за коалицирање на СДСМ и ДУИ.