Високи претставници на Руската Православна Црква во посета на Македонија

Македонија ја посети Митрополитот Антониј кој беше придружуван од неговиот заменик Николај Балашов кој долги години е задолжен за руската црковна дипломатија. Со нив беше и рускиот амбасадор во земјава Сергеј Бездникин.
Посетата на шефот на руската црковна дипломатија митрополит Антониј била со цел да му го честита именденот на архиепископот Охридски и македонски.
Делегацијата беше пречекана од членови на Синодот на МПЦ ОА. Очигледно беше отсуството на некои членови на Синодот, причините за нивното отсуство не и се достапни на јавноста.
Руската црковна делегација се поклони пред олтарот на соборниот храм Св. Климент Охридски. Митрополитот Атнониј ќе остане три дена во Македонија и ќе посети повеќе цркви и манастири.