декември 2, 2023

Видео.Руските хеликоптери со необичен ама и непрецизен начин за истрелување ракети?

Едно ново видео покажува дека Русите во Украина ги претвораат своите хеликоптери во воздушни системи за повеќекратно лансирање ракети.
Овој метод го проширува досегот на ракетите, но е далеку од прецизен, се вели во описот.
Видеото објавено на Твитер на 17 март 2022 година, покажува напад воздух-земја на руски хеликоптери во Украина, користејќи необичен метод за испалување на ненаведувани ракети. Ракетите како такви не се оружје со прецизно наведување, особено во опкружувањето што може да се види на видеото, пишува The Aviationist.
Како што пренесува Бизнис инсајдер, хеликоптерите прво влегуваат во плитко „нурнување“, потоа се искачуваат и ги лансираат ракетите на врвот на параболичниот лак на нивната патека на летот, испраќајќи ги во правец кон целта.
Овој метод им дава на ракетите поголемо количество енергија при самото лансирање (бидејќи се движат со брзината со која се движи платформата за лансирање), но и го продолжува дострелот, бидејќи се лансираат нагоре и следат балистички траекторија.