Видео.Русинот од Харков на македонски – во украинската војска има Руси и во руската има Украинци
Евгениј, Русинот од Харков, кој зборува македонски во второто видео раскажува за ситуацијата во Украина и во Харков. Тој вели дека војната нема религиски карактер како што имаше во некои од војните на Балканот, тука нема врска религијата. Има јазикот некаква улога, барем симболично, затоа што половина од Украина или речиси половина зборуваат руски или се двојазични. Етничката разлика исто има улога ама не толку голема улога колку што луѓето мислат затоа што тука живеат многу Руси и многу Руси има во украинската армија или ја подржуваат. Од друга страна во руската армија има различни националности од тие што живеат во Русија како и Украинци што живеат во Русија. Би рекол главната причина за војната е политичка, политиката на Украина сака да ја направи Украина сојузник или вазал на САД а тоа беше неприфатливо за Русија или за руската политика и затоа започна војната.
Харков може да го снајде судбината на Мариупол?, вели. Слушнете го Евгениј.