декември 2, 2023

Видео.Ракетиран американски конзулат во Ербил, Ирак?

Гувернерот на Ербил, Омид Хоснав, објави дека неколку проектили паднале во Ербил, јавува ирачката новинска агенција ИНА.

– Неколку проектили паднале врз градот Ербил, целната група не е позната, дали е американскиот конзулат или аеродромот – рече тој.

Дописникот на Ирачката новинска агенција (ИНА), јави дека „во градот Ербил се слушнале 5 експлозии“. – „Експлозиите беа во близина на новиот американски конзулат лоциран на одморалиштето Ербил-Салах ал-Дин“, истакнувајќи дека „безбедносните сили се распоредени на местото на експлозиите“.
Видеата споделени на социјалните мрежи, наводно, од местото на настанот покажуваат повеќе големи експлозии во областа.