мај 29, 2023

Видео на руските пранкери со британскиот министер за одбрана

Пранкерите кои на два пати го мајтапеа македонскиот премиер Зоран Заев, еднаш претставувајќи се како Грета Тунберг и како украинскиот претседател Петро Порошенко, сега го наместија и британскиот министер за одбрана. Британскиот министер за одбрана, Бен Волис беше жртва на руските пранкери, комичарите Владимир Кузнецов и Алексеј Столаров, во јавноста познати како Пранкерите Вован и Лексус. Полошо е што тој пред целиот свет откри воени тајни, какво оружје Велика Британија испраќа во Украина итн. Волис ги навреди партнерите во НАТО, Франција и Германија во разговорот со руските пранкери.Но најстрашен е фактот што се согласи да и помогне на Украина да развие нуклеарно оружје. Видео: