Видео интервју на Песков во кое признава загуби на војници а Буча е лага, вели
Имаме значителна загуба на војници. Тоа е огромна трагедија за нас“, рече Песков. Тој вели дека ги повлекле војниците од Киев во знак на добра волја и да се намали тензијата за преговорите. Новинарот му вели тогаш зошто продолжите да го гранатирате Мариупол и Харков. Песков му одговори дека Мариупол е дел од Доњецк и дека таму луѓето 8 години страдале од гранатирање на украинската војска а и дека затоа никој не зворувал. Додека во следното видео за масакрот во Буча – сето тоа е измислено, тоа е лага“ , „Снимките од Буча се храбар фалсификат и ние за тоа зборуваме неколку дена, но никој не сака да нѐ слуша. Ние претставувавме мошне детални објаснувања.“ Да, секако, сето тоа може да биде лага, игра на лаги. Понекогаш мора да се посомневате во она што ви се претставува, не може за сѐ да ги обвинувате Русите“, рече портпаролот на Путин.