јуни 10, 2023

Венити Фер:Филмот на Горан Столевски е најдобар на годината, досега

You Won’t Be Alone/Нема да бидеш сама, е најдобар филм во годината, филмот на македонскиот Австралиец, Горан Столевски е крвава, брилијантна егзистенцијална бајка, пишува реномираниот Венити Фер. Филмот е сместен во 1800-тите во рурална Македонија, каде што осиромашените селани работат на планинската земја и цврсто се придржуваат до пропишаните социјални кодекси – особено оние кои се однесуваат на родовите улоги. Народот се плаши од многу нешта, … …., И, се разбира, има секс, кој се надвиснува над овие заедници и како грубо телесно ослободување и света, животворна неопходност……, се вели меѓу другото во текстот за филмот, … заклучоци за животот, за неправедностите и за сензуалните задоволства, за болката да се биде жив и некако толку блиску вгнезден покрај возвишеното.
Поставувајќи го филмот во ова зафрлено место, во време сега толку оддалечено за нас, Столевски го почитува сопственото наследство на предците. Но, тој исто така илустрира колку малку се променило од тогаш, пишува Венити Фер.

линк до целиот текст https://www.vanityfair.com/hollywood/2022/03/review-you-wont-be-alone-is-a-bloody-brilliant-existential-fairy-tale?utm_source=facebook&utm_medium=social&utm_campaign=onsite-share&utm_brand=vanity-fair&utm_social-type=earned&fbclid=IwAR1joi1U5pqgYmZURQpCz1JVTSLLt3mONPt_NgqmVlqtMtMVt6a2R0ZzMlc