септември 27, 2023

Ванковска за тн. прогресивци сензитивни на секуларизам кога се засегнати тие а не кога владиците се шарени или кога се државните интереси во прашања

Фб статус на професорката Билјана Ванковска: Инцидентот со министерот и митрополитот ја разбранува јавноста, и веројатно со право ако тргнеме од фактот дека сме секуларна држава. Но, оваа хистерија не ја разбирам во контекст на молкот кон јавното и антидржавно дејствување на Партениј од Св. Јован Бигорски. Митрополитот Агатангел не ги криел своите политички преференци, ама е Македонец.
Оној другиот, исто така, не ги крие своите пробугарски чувства и „образовна дејност“ која се одвива во еден храм во кој сите ние одиме со голема љубов и почит. Бидејќи корените ми се од тој дел на Македонија, ова ми паѓа многу тешко, и почнувам да го одминувам манастирот чии свештеници не само што се мешаа во надворешната политика на земјата (ја поздравија Преспа и промената на името), туку сега (според ТВ сведочења) на новооосознаени Блгари, ја ширеле и „вистината за нашите бугарски корени“.
Овде веќе не се знае каде почнува и каде завршува државата, партијата, црквата, нацијата… Македонија како поле на странски и непријателски пропаганди од сите страни сардисана.
П.С. Го заборавив оној од Струмица, „диховниот татко“ на ЗЗ, кој исто така се мешаше во државна политика и протоколи. Ах, да и поповите кои учествуваа во преспанската пропагандна програма во пресрет на референдумот од 30 септември.
https://www.facebook.com/biljana.vankovska?
__cft__[0]=AZWZEecHflDAcWCm7BQFhfha4a8ArXYhCJ-NOxwo8jXEUEp1GbS_zwG1Sy_G4BX3apIsRvLGspOJqegvoyTq0TfPYchtatWkfgmmcZLP9bQ6Fsl5HMyePCGMhU-qdz3ZUNQ&__tn__=%3C%3C%2CP-R