декември 5, 2023

Бугарија ќе ни го забрани и 11 октомври. Радев ги плаши инвеститорите. Резиме на случувањата БГ – Мк

Дали Бугарија ќе ни забрани да го славиме и 11 октомври, денот на востанието? Бугарскиот европратеник Џамбаски за БНТ вели: –
– На пример, таму се уште е како празник, како што го нарекуваат, кога пукнала првата пушка против Бугарите во октомври месец. Ако ништо не смениш од претходниот режим на Титова Југославија не може со истата идеологија да влезеш во ЕУ, зашто таа идеологија е директно насочена против друга земја членка на ЕУ.
Од друга страна Бучковски, доскорашниот македонски преговарач, вели дека Македонија би се откажала од ЕУ ако треба да се откаже од Гоце Делчев или да мора да признае дека Гоце бил Бугарин иако смета дека Бугарите ни се најблизок народ.
Во македонската политичка сцена Мицковски го повика на единство Ковачевски откако претходно СДСМ не ја прифати декларацијата на ВМРО за Делчев. Ковачевски му врати за единство во законодавниот дом.
Пендаровски се чуди како минатото ни влијае на иднината иако се ова се случува благодарение на шарената револуција и на власта која ја донесе со тн мисија да ги реши тн отворени прашања со соседите а ситуацијата со Бугарија буквално тие ја предизвикаа од никаде. Меѓу двете држави имаше веќе еден потпишан договор.
Радев Македонија ја етикетира како безбедносен проблем, заради одвраќање на странските инвеститори, пишува Нова Македонија.
. Имено, бугарскиот претседател Радев „преку подла политика, со еден удар постигнува двоен ефект – ги одвраќа инвеститорите од земјава и економски ја слабее, слабата економија води кон зачестени политички турбуленции, што, пак, води сѐ подлабоко во спиралата на дестабилизација на земјата“…, велат експерти за весникот.
Актуелните случувања во Украина и тензичното ѕвечкање со оружјето предизвикаа масовно повлекување на инвеститорите од оваа земја, што директно се одразува како врз нејзината економија, така и врз можноста таа да напредува и на секој друг план, што на подолг рок може да доведе и до внатрешна дестабилизација на земјата.
Едно слично сценарио ѝ подготвува бугарскиот претседател Румен Радев на Македонија, кој откако не успеа пред странските партнери рационално да ги објасни причините за неколкуте бугарски вета, примени една поинаква доктрина, во која проблемот со Македонија го претстави како безбедносно прашање. За таа цел тој веќе во неколку наврати го свика тамошниот совет за безбедност на кој се расправаше токму за земјава, без оглед што и на добар дел бугарски политичари не им беше јасно како Македонија може да претставува безбедносна закана за нивната земја.
Истиот наратив Радев го користеше и на средбите со неговиот француски колега Емануел Макрон, но и со другите европски политичари, ставајќи јасно до знаење дека ако не се реши спорот со Македонија, тој ќе стане безбедносен проблем што може да го дестабилизира регионот.

Ако малку подобро се анализираат потезите на Радев, ќе се забележи дека не станува збор само за вообичаена реторика и барање оправдување за блокадите на македонските евроинтеграции, туку се работи за добро осмислена стратегија за одвраќање на инвеститорите од земјава, со постојаното повторување дека таа е безбедносен проблем, а ниту еден инвеститор не сака да ги вложи своите пари во ризични подрачја.