Бугарија со Македонија ќе игра во Разград

Бугарија против Македонија нема да игра во Софија, туку во Разград, мечот од Лигата на нации е закажан на 2. јуни со почеток во 18 часот.
Изминатиов период имаше многу шпекулации каде ќе се игра мечот, каде Бугарија ќе ја пречека Македонија на стартот од третата сезона во Лигата на нации.
Заради затегнатите односите помеѓу двата соседи бидејќи Бугарите ја блокираат Македонија во евроинтеграциите, па се зборуваше дека мечот нема да се игра во Софија поради страв од политички провокации и од инциденти. Од бугарската федерација како причина да не се игра во Софија наведуваа дека треба да се игра и во други градови низ Бугарија.
Сега, Бугарија и Македонија ќе ги одмерат силите во Разград, на арената „Хувефарма“ која собира 7.000 навивачи.
Мечот е закажан на 2. јуни со почеток во 18 часот.