декември 5, 2023

Бугарите навредени што нивните ставови за Македонија се поистоветуваат со тие на Путин за Украина

Бугарско МНР: во – Македонија се поттикнува антибугарско расположение од политичари и јавни личности кои за таа цел ја злоупотребуваат руската воена агресија во Украина.
-Во врска со низата провокативни и злонамерни антибугарски коментари изминатите неколку дена од страна на политичари и јавни личности во Република … Македонија, Министерството за надворешни работи изразува загриженост дека злонамерната кампања против нашата земја има за цел да поттикне антибугарско расположение. Уште позагрижувачки е што се прават обиди за намерна злоупотреба на трагичните настани во Украина како резултат на руската воена агресија. Сметаме дека ваквите цинични обиди мора категорично да се отфрлат. Никој нема право да ја злоупотребува трагедијата на украинскиот народ на таков арогантен и непринципиелен начин, се вели во соопштението.

Ова може негативно да влијае врз позитивните трендови што се забележани во политичкиот дијалог во последните месеци, се вели.
БГНЕС пишува дека Павле Трајанов, кој е во Влада, Бугарија ја нарекол геноцидна држава.

Реакцијата на бугарското МНР доаѓа по говорот на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во Стразбур, кога изјавите на Путин дека Украина е комунистичка творба ги спореди со истоветните тврдења на Бугарија и негирањата на македонскиот народ кои доаѓаат од источниот и јужниот сосед