декември 2, 2023

Борел: за 15 дена ќе заврши војната, затоа треба да се вооружи Украина

Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел ги повика 27 земји членки од ЕУ да продолжат со вооружување на украинската армија.

„Отпорот на Украина е извонреден. Руската армија не успева да пробие повеќе од 200 километри од нејзините логистички бази и изгуби многу војници и тенкови, кои можеме да ги видиме преку сателити и авиони“, рече 74-годишниот Борел во интервју за шпанската јавна телевизија TVE.

На прашањето дали трети земји треба да продолжат да и испраќаат оружје на украинската армија за да продолжи со наводниот успех, Борел одговори:

„Тоа е најважно. Затоа што се ќе биде одлучено во следните 15 дена.

Запрашан да го објасни конкретниот рок, тој додаде дека „сака да каже дека тоа нема да биде во рок од 24 часа“.