Бодибилдерите – 13 медали од Балканското првенство

Тринаесет медали донесоа бодибилдерите од едно големо шоу! Изминатиот викенд во Србија се одржа 31-то Балканско првенство, а нашите шампиони продолжија да нижат успеси – освоија дури десет златни и три сребрени медали, заедно со едно петто место!
„Остваривме одлични резултати на ова балканско првенство и се враќаме дома со тринаесет медали.“, истакна Бобан Ѓороски, претседател на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија.
Претходно есента нашата најдобра претставничка Мери Акиевска освои дури четири медали, стана светски шампион во велнес за јуниори, апсолутен шампион во јуниорска конкуренција, светски шампион за сениори во велнес и апсолутен шампион во сениорска конкуренција.
Низата успеси продолжи и оваа пролет, а веќе овој викенд ги очекуваат нови предизвици. Од 15 до 17 април во Скопје се одржува меѓународниот турнир IFBB Herkules Grand Prix.
„Нашите репрезентативци не навикнаа на одлични резултати, од секое натпреварување носат медали.