Без маски и во затворен простор ?

Комисијата за заразни болести на редовниот состанок предложи да се укине задолжителното носење маски во затворен простор.
Сепак, постои исклучок за здравствените установи, аптеките, домовите за стари лица и јавниот превоз, каде што останува да важи правилото и задолжителното носење маски.
Маските во другите простории може да се носат само по желба на граѓаните, но не е задолжително, препорача комисијата.