Бајден: Следува НОВ СВЕТСКИ ПОРЕДОК

Џо Бајден вели дека следува „Нов светски поредок“ во видео кое доби милион прегледи на Твитер за само неколку часа. Бајден не е првиот станар на Белата куќа што го користи терминот „Нов светски поредок:“, но сега предизвикува внимание во контекст на конфликтот во Украина. Често се зборува дека војната на Русија со барањето Украина да не се вклучи во НАТО т.е да остане неутрална ќе го смени светот каков што го знаеме до денес и ќе придонесе за почеток на нов светски поредок. Бајден сега вели дека ќе има нов светски поредок а Америка ќе го предводи, ќе го води слободниот свет. Таквата промена се случува само на неколку генерации како што имаше после втората светска војна после хаосот и загубените милиони животи.