јуни 10, 2023

Бајден: на 16 февруари Русија ја напаѓа Украина, Путин прашува во колку сатот?

Нема да извршиме инвазија врз Украина доколку не бидеме испровоцирани, изјави постојаниот претставник на Русија во Европската унија, Владимир Чижов.
– Нема да извршиме инвазија врз Украина доколку не бидеме испровоцирани. Ако Украинците ја нападнат Русија, немојте да се чудите ако возвратиме – изјави Чижов во интервју за британски „Гардијан“.
Тој истакна дека Русија ќе одговори доколку некаде бидат убиени руски државјани, вклучително и во Донбас.
Путин: Објавија ли точно во колку часот ќе почне војната?
Портпаролот на Кремљ, Песков, ги обвини САД дека ја поттикнуваат кризата со постојано предупредување за претстојна инвазија и раскажа дека претседателот Владимир Путин се шегувал за тоа.
„Тој побара (од нас) да видиме дали го објавиле точното време, до минута, на почетокот на војната“, вели тој. „Невозможно е да се разбере ова манично информативно лудило“.
Германскиот канцелар Олаф Шолц по посетата на Киев денеска пристигна во Москва на разговори со рускиот претседател за деескалација на тензиите на руско-украинската граница. Состанокот е во тек.