септември 27, 2023

Бачев: Не може од 300,000 луѓе попишани во дијаспората, 220,000 да не се Македонци

лидерот на Единствена Македонија Јанко Бачев вели дека се работи за фалсификувани резултати. Особено шокантен е податокот дека од 300,000 македонски државјани кои се попишале во странство, 220,000 не се етнички Македонци.

Решение за овој очигледен фалсификат, кој делумно е веројатно резултат на бојкотот на македонската дијаспора, а делумно на попишувањето на албанската дијаспора без никакви критериуми, според Бачев е да се направи реален попис на дијаспората.

ТВ 21 објави бројка за фалсификуваниот попис за дијаспората каде имало 300.000 жители.

 Но, според нашите информации во Националниот Блок „Не отворам врата“ кои марионетската власт ќе ги каже во среда, од 300.000 дури околу 220.000 во странство не се Македонци.

Абе, кој ќе ви верува дека во странство има само околу 80.000 Македонци кога толку има само со купени бугарски пасоши во последните десетина години за да можат луѓето да отидат на печалба.

Што правиме со генерациите Македонци во Австралија и САД чии претходници заминале уште за време на турското владеење на овие простори. Па, Австралија и САД самите велат за неколку стотина илјади Македонци, а стотици илјади Македонци има и по западноевропските држави. Добра работа е што ја знаеме вкупната бројка (во земјата и странство) од околу 2.500.000 државјани евидентирана во МВР од која околу 85 отсто се Македонци.

 Чаре – има доколку тоа го сака македонскиот народ.Потребно е да дојде народна власт која ќе прати свои министри – Македонци кои ќе седат и месец дена по САД и Австралија и западоевропските држави каде до последен ќе ги избројат Македонците во странство,  порача лидерот на Единствена Македонија.