БАБА РАДА ИЗЛЕЗЕ ОД ДОМА И НЕ СЕ ВРАТИ

Александар од Волково објави на Фејсбук:
„Утре ќе биде десетти ден како баба ми Рада излезе од дома и се упати во непознат правец. Истиот ден беше пријавено во МВР, а следниот ден само порталот МКД.МК објави повик за помош. Сликите од баба Рада беа споделени на бројни групи на социјалните мрежи, а беше барана и помош од медиумите. Трагично, имам впечаток дека медиумите изразуваат повеќе интерес за бездомни кучиња отколку за луѓе. Да не се разбереме погрешно, и јас чувам животни и сум љубител, но ја правам основната разлика. Се прашувам и МВР дали располага со кучиња трагачи, или екипи за потрага? Почитувани, ако толку ни значи човечкиот живот ние сме оттуѓено општество во длабока апатија и не се гледа светло на крајот од тунелот.“
Еве линк на фб профилот на Александар.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=5142339975824810&set=a.563273263731527&type=3