декември 5, 2023

Ани Малинкова пееше акапела во Мелник, Бугарите не дозволиле озвучување

Пејачката Ани Малинкова, изјави дека вчера во Бугарија имале прекрасен дочек од страна на Македонците кои живеат таму.
-Бев поканета да настапам по повод одбележување 107 години од смртта на Јане Сандански, и секое мое претставување на Македонија со песна ми е голема чест. Но, сепак, во Мелник, настапот не беше дозволено да се одржи – раскажува фолк пејачката Ани Малинкова.
Таа појаснува дека била единствената музичка гостинка која требало да пее пред присутните на собирот, на кој имало голема масовност. Сепак, бугарската полиција не дозволила да се користи озвучување, по што Малинкова решила да им запее на присутните акапела.
-Полицијата беше присутна постојано, и не дозволија да се одржи настапот. Многу ми е жал поради тоа, бидејќи јас ја претставувам Македонија насекаде со песна. Затоа решив да ја отпеам ,,Македонско девојче” акапела, а присутните пееа со мене во ист глас, раскажа Малинкова.
Ани Малинкова на својот профил на социјалните мрежи, објави фотографии од Мелник.