јуни 10, 2023

Американски економист: Путин може да ги издржи санкциите

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA



Познатиот американски економист Џефри Сакс во интервју за германскиот „Шпигел“ изјави дека ја гледа украинската војна како неуспех на Западот, и вели дека дополнителните санкции против Русија се премногу ризични. Тој ова го изјави после првиот бран на санкции кон Русија.

Според него антируските санкции нема да ги постигнат своите цели и ќе влијаат на Западот а не верува во нивната ефикасност против Москва.
„Очекувам поинаков тек на настаните: значителни негативни последици за економијата на остатокот од светот, освен за Русија“, рече Сакс.

Сакс добро знае што зборува. Тој беше советник на руската влада во 1990-тите и е експерт за земјите во развој. Затоа германските медиуми сакаа да го слушнат неговото мислење, особено влијанието на наметнатите западни санкции врз Русија, односно нејзината способност да им се спротивстави.

Економистот ги нарече санкциите типична алатка на американската надворешна политика. Сепак, и покрај честата примена, рестриктивните мерки ретко функционираат, истакна американскиот експерт, наведувајќи ги санкциите кон Иран, Северна Кореја и Венецуела, кои „мизерно пропаднаа“.

„Ние не ги сменивме режимите таму, а сега сакаме да фрлиме на колена многу поголема земја. Русија е огромна земја, која има и 1.600 нуклеарни боеви глави на располагање. Да се ​​фрли Русија на колена е едноставно нереално, невозможна идеја. Не знам што има во главите на луѓето што ги дизајнирале“, рече американскиот експерт во интервју за Der Spiegel , додавајќи дека Русија лесно ќе ги преживее „последиците од воведените санкции.