јуни 10, 2023

Автобуси тргнаа да ги евакуираат жителите на Мариупол

Градскиот совет на Мариупол на Фејсбук објави видео од новата колона автобуси кои заминуваат од Запорожје за Бедњанск, каде, како што рекоа, неколку илјади жители на Мариупол чекаат понатамошна евакуација.

Конвојот се состои од 34 автобуси, а евакуацијата треба да започне утре наутро.

Севкупно, повеќе од 75.000 жители на Мариупол веќе се евакуирани во Запорожје и им е укажана потребната помош – храна, лекови, основни потреби, како и помош при преселување, соопшти градскиот совет на Мариупол.

Текстот (Видео) Автобуси тргнаа да ги евакуираат жителите на Мариупол е превземен од МАКФАКС