Австрија се откажа од задолжителната вакцинација

Австрија се откажа од законот за задолжителна вакцинација. Контроверзниот закон стапи на сила пред еден месец.
„Го суспендираме текстот на законот кој не е пропорционален на опасноста на омикрон варијантата на коронавирусот“, рече министерката Каролине Едштадлер на прес-конференција во Виена.
Австрија е една од ретките земји кои воведоа задолжителна вакцинација.
„Владата пак ќе ја анализира својата политика на вакцинација по три месеци и флексибилно ќе реагира на развојот на настаните“, изјави Јохан Раух, министер за здравство.