декември 2, 2023

Австрија сака да остане неутрална

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска изјави дека има намера да работи на тоа својата земја да ја задржи неутралноста во однос на војната и рускиот напад врз Украина.

Австрија беше неутрална, таа е неутрална и таква ќе остане, изјави Нехамер за време на посетата на Катар.

Неутралноста е важна, истакна австрискиот канцелар, додавајќи дека прашањето за австриската неутралност го смета за затворено.

Спротивставувајќи се на се што стои зад војната во Украина, австриските политичари и медиумите почнаа да се прашуваат дали земјата треба да влезе во НАТО?