мај 29, 2023

Австриски дневник: Кремљ не лаже, во Украина постои неонацистичкиот полк

Австрискиот дневник “Österreich”: во Украина постои неонацистичкиот полк “Азов”, кој е под команда на Министерството за внатрешни работи и кој се бори против руските сили.
Весникот нагласува дека не станува збор за пропаганда на Кремљ, туку дека тој полк постои.

Паравоената формација со околу 2.000 борци била формирана во текот на украинската криза во 2014-та година за да и помогне на војската во борбата против прoруските сепаратисти на истокот на Украина, додава дневникот.
Весникот укажува дека седиштето на Азов е во Бердаинск на југот на Украина. Како и во 2014-та, припадниците на овој полк со ултранационалистички и нацистички став се борат и во Маријупољ. Нивниот амблем го користеле и СС трупите на Третиот рајх.

Членовите на полкот “Азов” имаат одлични контакти со десничарско екстремистички групации и неонацистички партии во Европа, па нивните приврзаници сега преку социјалните мрежи повикуваат на поддршка
“Österreich” констатира дека полкот “Азов” е аргумент за Кремљ со кој ја оправдувал воената операција за наводната “денацификација” на Украина. Весникот потсетува и дека ОН документирале повеќе злосторства кои ги извршиле припадниците на полкот “Азов” во Донбас.

Исто така пренесува и дека руските медиуми се полни со информации за нападите на полкот Азов на станбени згради во Маријупољ, но и додава дека тие наводни не може да се проверат.

Од почетокот на војната во Украина повторно се зборувало за мистериозните воени одреди, Легијата на странци и останатите паравојски.

Од сите воени единици во Украина најинтригантна е баталјонот Азов.